Како холивудските ѕвезди се справиле со својата нова работа, можете да дознаете во документарната серија „Welcome to Wrexham“.
Пред 2 години, веста дека Рајан Рејнолдс (ѕвездата на филмот „Дедпул“) стана сопственик на фудбалски клуб, заедно со колегата Роб Мекинали (ѕвездата на филмот „Секогаш е сончево во Филаделфија“), „одекна“ како вистинска бомба.
Во прашање е велшки тим, Рексам А.Ф.Ц. (Wrexham A.F.C.), кој се натпреварува во таканаречената Национална лига, односно во петтата лига на Англија. Инаку, трет најстар фудбалски клуб во светот.
Доаѓањето на Рајан Рејнолдс во „фудбалските води“ е преведено во документарна серија наречена „Добредојдовте во Рексам“, која ги следи соништата и грижите на Рексам, работнички град во Северен Велс, Велика Британија, додека две холивудски ѕвезди ја преземаат сопственоста на локалниот фудбалски клуб.
Роб и Рајан немаат искуство во фудбалот или меѓусебна соработка. Од Холивуд до Велс, од теренот до соблекувалната, од канцеларијата до пабот, „Добредојдовте во Рексам“ ќе ја следи приказната за тоа како овие двајца актери се снаоѓаат на своите нови работни места.
Премиерата се очекува на 24 август на ТВ мрежата „FX Network“, како и на стриминг платформата „Hulu“.
Погледнете го трејлерот: