Актерката Ребел Вилсон денеска на Инстаграм објави вест за нејзиниот љубовен живот и ја потврди врската со дизајнерката.
Ребел откри дека е во врска со Рамон Агрум, дизајнерка на облека и накит и сопственик на брендот „Lemon Ve Limon“.
– Мислев дека го барам мојот принц од Дизни… Но, можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцеза на Дизни – напишала 42-годишната актерка во описот на фотографијата со својата девојка.
Објавата ги воодушеви нејзините следбеници.
„Среќен сум за двете“, „Прекрасен и динамичен пар“, „Ве сакам и двете“, „Љубов е љубов“, „Слатка двојка“, се дел од коментарите.
Ребел и Рамон се појавија на голем број настани во последните неколку месеци, но сите мислеа дека двете се само добри пријателки. Тие заедно прошетаа на црвениот тепих во март.
Пред Рамон, актерката беше во врска со Џејкоб Буш и нивната врска започна непосредно пред пандемијата на коронавирус. Заедно се појавија во јавноста за прв пат на црвениот тепих во Монако, но таа љубов не траеше долго.
На почетокот на оваа година се шпекулираше дека актерката е во врска со австралискиот тенисер Мет Рид, но таа врска никогаш не беше потврдена.