РЕГЕНЕРИРАЈТЕ ЈА КОСАТА Направете го овој третман дома

popara7 јули, 20221min00
Screenshot_5

Правилната нега е првиот и основен чекор доколку сакате густа, сјајна и долга коса.

 

 

 

Но, сите овие производи што ги користиме, особено ако содржат силикони, како и масла, серуми и слично, со текот на времето се акумулираат на косата и ги затнуваат порите на скалпот, што доведува до првут, но и губење на косата.

 

Додека се грижиме за нашата коса, се фокусираме на самата коса и целосно забораваме на скалпот. Тоа е голема грешка, велат фризерите, бидејќи само ако скалпот е негуван, можеме да очекуваме косата да изгледа здраво и сјајно.

 

Затоа од време на време треба да правите пилинг на скалпот. Но, иако постојат готови, индустриски производи кои ќе ви ја „завршат работата“, вакво нешто можете да направите дома, и да го обезбедите токму истиот ефект.

 

Дерматологот Франческа Фуско смета дека треба одвреме-навреме да се додава шеќер во шампонот за да се направи косата почиста и поздрава: „Со додавање шеќер во дневната доза на шампонот ги отстрануваме мртвите клетки и му дозволуваме на регенераторот поефикасно да допре до косата и коренот на косата. . Во исто време, подобро ја чистиме косата и и ја даваме потребната влажност“.

 

Шеќерот ќе му овозможи на вашиот скалп нежно да ексфолира и да ги отстрани мртвите клетки кои го блокираат растот на убавата и негувана коса. Најдобро од се, шеќерот не остава трага бидејќи водата ќе го измие, но постои важно правило – не треба да правите пречесто пилинг на косата бидејќи скалпот брзо се суши. Најдобро би било да го повторувате пилингот после секое 4-то или 5-то миење и сигурно ќе ги забележите резултатите.

 

 

 

Како да направите пилинг со шеќер:

 

  • 30 грама кафеав шеќер
  • 1 до 2 лажици шампон за коса (по можност билни шампони)

 

 

Добро измешајте ги состојките пред употреба.

 

Правила за пилинг на косата:

 

Косата мора да биде влажна – пилинг не се нанесува на сува коса.

Смесата за пилинг втријте ја на скалпот.

Кога ќе го нанесете пилингот на вашата коса, масирајте го скалпот. Масажата треба да трае помеѓу 2 и 3 минути.

По масажата ќе ја измиете косата со обичен благ шампон.

Потоа нанесете ги на вашата коса производите што вообичаено ги користите.

Добро исплакнете ја косата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma