Влеговме во мај, а како два најважни астролошки настани во овој месец, астролозите велат дека се работи за ретрограден Меркур во Близнаци на 10 мај, а потоа и влегувањето на Јупитер во Овен на истиот датум.
Ретроградниот Меркур ќе се упати ретроградно во Близнаците, па ќе се врати во Бик и ќе продолжи со тоа темпо до 4-ти јуни. Значи, од 10 мај до 4 јуни ќе бидеме во ситуација да не можеме да оцениме што е реална одлука.
Ретроградниот Меркур е предупредување да не донесуваме важни одлуки или да потпишувате важни документи, бидејќи овој аспект ќе ни ги скрши конците.
Да потсетиме, ова е детална прогноза по знаци под влијание на ретроградниот Меркур.
Тежок сообраќај, недоразбирање во комуникацијата, доцни мејлови, погрешно разбрани разговори… сето тоа се манифестации на ретроградниот Меркур.
Ретроградниот Меркур најсилно ќе им падне на Близнаците и Девицата, чиј владетел е тој, а потоа и на Бикот и Скорпијата.
БЛИЗНАЦИ – Додека во вашиот знак се движи ретроградниот Меркур, јасно е дека вие најсилно ќе го почувствувате ова влијание. Ќе бидете збунети, расеани и нервозни. Секоја обврска ќе ви биде тешка, а луѓето околу вас ќе бидат изненадени од вашето однесување. Пазете се од погрешни проценки.
ДЕВИЦА – Ретроградниот Меркур во десеттата куќа е тежок за работа. Ќе ви биде тешко да ги разберете луѓето со кои работите. Ниту тие, ниту вие нема да ги разберете. Ќе мислите дека проблемот е во другите, но всушност е вистина дека ќе имате намалени аналитички способности поради ретроградниот Меркур.
БИК – Ретроградниот Меркур ќе зачекори во вашиот знак, па бидете подготвени на компликации и лоши проценки. Луѓето ќе ви кажат вести и информации што не ги разбирате. Не донесувајте важни одлуки до 4-ти јуни.
СКОРПИЈА – Овој аспект ќе ви донесе проблеми во врската. Ќе имате проблем да ја разберете личноста која ви значи. Доколку сте во брак, ќе има почести дискусии. Ако имате деловен партнер, подгответе се за несогласувања.