Состојки:
1 жолчка од јајце
1/2 чешне лук
1 лажичка Дижон сенф
285 мл маслиново масло
285 мл екстра девствено маслиново масло
сок од еден лимон по вкус
бибер и сол по вкус
Подготовка:
Во сад ставете ги жолчките, половина чешне лук и сенфот Дижон. Состојките изблендирајте ги со миксер и полека додајте го маслиновото масло (ако пребрзо го додадете маслото, состојките може да се одвојат). Ако мајонезот е премногу густ, можете да додадете малку вода. Зачинете со бибер, сол и сок од лимон.