Овој еликсир на здравјето е корисен и за подобрување на имунитетот
Одамна е познато дека кефирот е исклучително добар за нашето здравје, ги уништува лошите бактерии и придонесува за воспоставување рамнотежа во организмот, а одлично делува и на подобрување на имунитетот.
Рецептот за овој еликсир на здравјето е многу едноставен, бидејќи напитокот се прави само од
две состојки – млеко и тибетски печурки или зрна кефир, кои можете да ги купите во продавница за здрава храна и да ги користите многу пати.
Состојки:
1 полна лажица тибетски печурки или зрна кефир
600 мл млеко
Подготовка:
Во тегла истурете го млекото на собна температура, додадете ги тибетските печурки и оставете да отстои 24 часа на собна температура. Следниот ден процедете го кефирот со лесно мешање низ пластична цедалка со пластична, силиконска или дрвена лажица, за да не се оштетат печурките. Можете веднаш да го пиете.
Печурките се мијат со вода, секој трет ден. Повторно ставете ги во чиста тегла со млеко, покријте ги со газа и оставете преку ноќ. И повторно ќе имате свеж кефир. Со текот на времето, печурките се размножуваат, па можете да подарите парче некому или да го фрлите.
При подготовката на кефирот користете само пластични, стаклени или порцелански садови, никогаш метални, бидејќи не се препорачува металот да се доведе во контакт со печурките.
Пријатно!