Рецепт за домашен ЛИКЕР од НАНЕ

popara21 јули, 20221min00
Screenshot_4

Освежителен и благ вкус

 

 

Сите знаеме дека нането е исклучително лековито растение од кое можеме да направиме ароматичен ликер кој е многу корисен за нашиот организам. Така велеа нашите баби, а ние им веруваме.

 

Одличен е против стомачни проблеми и го забрзува варењето. Можете да го направите и во поголеми количини.

 

Состојки:

 

  • 50 цели свежи листови нане
  • кора од еден лимон
  • 1 литар домашна ракија
  • 1 кг шеќер
  • 1 литар вода

 

Подготовка:

 

Изберете ги листовите нане и погрижете се да не се оштетени. Одделете ги листовите од стеблата и добро измијте ги. По миењето, листовите нане наредете ги на крпа и оставете ги целосно да се исушат. Кога листовите ќе се исушат, дел од листовите исечкајте ги на ситни парчиња за веднаш да се ослободи мирисот, а остатокот оставете ги цели. Ставете ги листовите во голема стаклена тегла со капак. Лимонот убаво измијте го, излупете ја кората и ставете го преку листовите. Сè прелијте со ракија, затворете и добро протресете. Оставете го ликерот на ладно и темно место 14 до 20 дена.

 

Во големо тенџере ставете еден литар вода и килограм шеќер. Загрејте на тивок оган, цело време мешајќи го сирупот, за шеќерот да се раствори што е можно побрзо. Кога шеќерот ќе се раствори, исклучете го шпоретот и оставете го сирупот полека да се излади на собна температура. Кога целосно ќе се излади додадете го во теглата со нане, ракија и кора од лимон. Оставете го да отстои до 24 часа. После тоа, исцедете го ликерот во голем сад користејќи газа. Добро истискајте ги сите листови нане за што подобро да се ослободи аромата. Доколку е потребно, процедете уште еднаш. Со помош на инка сипете го ликерот во стаклени шишиња и ставете ги на суво и ладно место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma