Рецепт за кремаста супа од тиквички: Се подготвува брзо и лесно, а вкусот е неодолив

popara21 мај, 20221min00
shutterstock515533717-830x0

Рапсодија на вкусови во вашата чинија

Тиквичките се зеленчук кој многу се користи во повеќето кујни во светот, вклучително и во македонските јадења. Се подготвува на различни начини, може да се јаде сирова, дури и во колачи.

Еден од начините за нивна употреба е супа од тиквички. Лесно се подготвува, а одлична е кога деновите се потопли бидејќи можете да ја јадете ладна.

На нашите простори се подразбира јадење „на лажица“ за време на ручек, но многумина веруваат дека чорбите се многу тешки за подготовка.

Сепак, со помош на овој рецепт ќе подготвите супа која ќе засени се што сте пробале досега.

Состојки:

500 грама тиквички

50 милилитри масло

1 главица кромид

150 грама морков

600 милилитри вода

350 милилитри млеко

1 лажичка лук во прав

сол, бибер

леб за декорација

млад кромид за декорација

Подготовка:

Излупете ја и исечете на ситни коцки. Во поголемо тенџере истурете го маслото и ставете го кромидот да се динста, а потоа додадете го остатокот од зеленчукот, како и солта и биберот.

Кога зеленчукот ќе омекне, додадете вода и сè измешајте, па варете на силен оган додека не зоврие, намалете ја температурата и оставете да се крчка 20 минути.

Сите состојки се матат во блендер, постепено се додава млекото, лукот и зачините по желба.

Декорирајте го јадењето со тост или стар печен леб и млад кромид.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma