РЕЦЕПТ ЗА НАЈПОПУЛАРНИОТ ЕСЕНСКИ ПИЈАЛОК: Како да направите домашно pumpkin spice latte?

popara12 октомври, 20221min00
Pumpkin-spice-latte

Напитокот кој за многумина е синоним за есен е кафето со вкус на тиква, или pumpkin spice latte. И додека многумина во поп-културата ја исмеваат популарноста на пијалокот, тој сепак е еден од најпродаваните на Старбакс.

Бидејќи познатиот синџир кафетерии не отвори свои филијали во нашите предели, зошто да не се обидете да направите домашна верзија? Имено, њујоршката пекара Maman го сподели својот рецепт за pumpkin spice latte што ќе ве згрее во постудените есенски денови.

Состојки:

За 3-4 шолји кафе потребно е:

– 1 чаша вода
– 1/4 чаша јаворов сируп
– 2 големи лажици пире од тиква
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1 лажичка зачин за пита од тиква (цимет, каранфилче, ѓумбир, морско оревче)
– 1/4 лажичка црн пипер

Подготовка:

Во тенџере на средна топлина измешајте ги сите состојки и доведете до вриење.

Овој сируп можете да го додадете во кафето или да го прелиете на шолја еспресо, заедно со пенасто млеко.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma