Рецепт за печено пилешко во бешамел сос: Ручек кој се топи во устата

popara3 април, 20221min00
Screenshot_4

Рецепт за богат неделен ручек или кога сакате да се пофалите пред вашите пријатели а сепак не сакате да готвите цел ден. Вкусно е и нема човек на светов што ќе каже дека не му се допаѓа.

 

 

 

СОСТОЈКИ:

 

  • 1 кг пилешки стек
  • 200гр димен свински врат
  • 300гр свежи шампињони
  • 200гр зелени маслинки со пиперка
  • 1 црвена бабура
  • 1 кромид
  • 300гр млечен кашкавал (едамер, гауда или сл.)
  • путер, сол и бибер и маслиново масло

 

За бешамел сосот

  • 1л млеко
  • 60гр путер
  • 40гр брашно
  • 70гр пармезан
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/4 лажичка мускатно оревче

 

ПОДГОТОВКА:

 

Исечете го пилешкиот стек на коцки и кратко пропржете го во маслиново масло. префрлете го во тава за печење. Едно по едно, пропржете ги свежите шампињони, димениот врат, маслинките, пиперките, кромидот и доколку случајно ви се наоѓаат фрлете и неколку чери домати во миксот.

Додавајте се во тавата за печење.

Направете го бешамел сосот прекријте ги сите состојки со него.

Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете 25 минути на 200 степени.

Извадете ја тавата од рерна, отстранете ја фолијата и изрендајте го кашкавалот врз смесата. Печете уште 10-15 минути додека кашкавалот не се растопи и запече.

Многу е важно барем половина час да ја оставите тавата да „одмори“, за бешамелот убаво да ги врзе сите состојки. Потоа исечете коцки од пилешкото во бешамел и сервирајте го врз зелена салата со декорација од чери домати или може да декорирате со разни сувомеснати производи и павлака…

 

На здравје!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma