РЕЦЕПТ ЗА ТОПЛО ЧОКОЛАДО! На мексикански начин, со цитруси, ликер…

popara1 јануари, 20221min00
229519_pink-3861983-960-720_f

Доаѓањето на студените денови, спуштањето на температурата блиску до нула и мирисот на новогодишните празници во воздухот се вистинско време за традиционални зимски пијалоци како топлото чоколадо…

За љубителите на какао, нема подобра комбинација од топло чоколадо, меко ќебе и добра книга (музика, филм, серија…), особено во деновите кога се чувствуваме ранливо. Какаото и чоколадото влијаат на производството на хормони, допамин и серотонин, кои ќе не „дигнат“ по првата чаша.

Овој оживувачки десерт е многу вкусен, правен по класичниот рецепт, но со неколку додатоци можете лесно да го збогатите неговиот шарм. Експериментирајте со додавање на состојки кои веќе ги имате во вашиот дом (овошје, јаткасти плодови, ѓумбир, чили, кикирики…) и ќе добиете неверојатно различни десерти, со потполно иста основа. А основата се состои од темно чоколадо, млеко, шеќер (можеби мед), какао во прав и малку сол за да се нагласи вкусот.

Топло чоколадо – основен рецепт

Состојки (за едно лице): 30 гр темно чоколадо, шолја полномасно млеко, 2 лажици шеќер или мед, една лажица незасладено какао во прав, малку сол.

Подготовка: Во метален сад измешајте рендано чоколадо, какао и половина шолја млеко. Ставете го шпоретот на најниска температура. Дури потоа ставете го садот на рингла и нежно мешајте, додека чоколадото целосно не се растопи. Потоа додадете го остатокот од млекото и солта. Промешајте, па додадете шеќер. Продолжете со мешање додека смесата не се соедини. Целата процедура трае околу 10 минути.

Мексикански начин: Едноставно додадете половина лажичка цимет и прстофат чили во вашето омилено топло чоколадо. Врвните слаткари сметаат дека комбинацијата од чили и чоколадо е непогрешлива.

Неодоливи цитруси: Во топлото чоколадо додадете 2 ленти кора од портокал и 2 ленти кора од лимон, а потоа додадете, три четвртини од шолја, топло млеко. Отстранете ја кората по 2 минути и додадете малку ликер од лимон.

Руско топло чоколадо: Измешајте 50 гр ликер од кафе, 25 гр вотка и шолја топло чоколадо. Вкусот е магичен, затоа внимавајте да не испиете премногу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma