Рецепт: Мињони со чоколадо и лешници

popara8 април, 20221min00
Screenshot_3

Чоколадно уживање за секоја пригода.

 

 

Состојки:

 

  • 200 гр мелени бисквити
  • 100 гр мелени лешници
  • 70 гр путер
  • 70 гр шеќер во прав (можеби и помалку, по вкус)
  • 1,5 дл сок од портокал
  • 2 реда бело чоколадо

 

Глазура:

 

  • 100 гр темно чоколадо
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица шеќер, по вкус
  • 2 лажици млеко
  • коцка путер

 

Подготовка:

 

Изматете го путерот, додадете ги бисквитите, лешниците, омекнатото бело чоколадо, шеќерот во прав и сокот од портокал.

 

Сѐ добро измешајте, па направете коцки. Ставете ги во фрижидер да се стегнат.

 

Подгответе ја чоколадната глазура: издробете ја чоколадата, додадете шеќер, по потреба какао и млеко.

 

Растопете сѐ на умерена температура, а кога ќе почне да згуснува додадете путер.

 

Прелијте ги коцките со глазурата и ставете во фрижидер убаво да се изладат.

 

Декорирајте по желба, но само кога ќе се стегне глазурата

 

Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma