Ширум отворете ги очите
На социјалните мрежи се прошири интересна илустрација со три скриени животни – патка, лилјак и пеперутка.
Станува збор за „тест“ кој потекнува од Јапонија, а целта му е да ја активира десната хемисфера на мозокот и да ја разбуди креативноста.
Добро погледнете ја илустрацијата и обидете се да забележите патка, лилјак и пеперутка за помалку од 30 секунди.
Повеќето луѓе на социјалните мрежи, судејќи по коментарите, не успеале да ги пронајдат сите три животни, а уште помалку да ги пронајдат за 30 секунди.
– Не можам да ги најдам, ни за 30 секунди, ни за три минути – напиша еден човек.
– Ова е генијално, но ми требаше многу повеќе од половина минута – додаде друг.
Доколку не успеавте да ги пронајдете скриените животни, погледнете го решението подолу.