Маслото од грејпфрут има повеќе намени, па затоа се користи за разни мириси и свеќи, сè до правење производи за одржување на свежината.
Подеднакво популарно во ароматерапијата, есенцијалното масло од грејпфрут може да се користи за добро расположение и намалување на стресот.
Но, дали знаевте дека маслото од ова овошје има големи придобивки за вашата коса? Козметичкиот дерматолог Пол Џарод Френк ги откри сите придобивки од маслото од грејпфрут кога станува збор за нега на коса.
– Се користи како силно есенцијално масло за ароматерапија. Неодамна е додаден во многу производи за чистење на косата и серуми за раст на косата. Тоа е одлично средство за чистење кога се масира во скалпот. Исто така, помага да се отстрани вишокот на себум и да се намали првутот, вели тој.
Маслото од грејпфрут се добива од кората на ова овошје, но може да се добие и од семките.
– Примарната цел на ова масло е да делува антибактериско, антигабично, а во некои случаи и како антивирусен екстракт.
Благодарение на природните антибактериски и антимикробни својства, може да помогне во длабинското чистење на скалпот.
„Тоа е одлично средство за чистење кога се масира во скалпот“, вели Френк.
Маслото од семки од грејпфрут има моќни својства на косата, помага да се отстрани првутот и бактериите од скалпот. Ова, во исто време, влијае на побрз раст на косата, вели експертот.
Френк забележува дека маслото од ова овошје е добро за сите типови коса. Особено е корисен за оние кои се склони кон лупење на скалпот и на кои им е потребно добро чистење и пилинг.
Како и сите есенцијални масла, маслото од грејпфрут може да биде иритирачко за скалпот, па затоа треба да бидете внимателни со количината што ја користите. Можете да го користите еднаш неделно.
– Мора да се разреди за да се избегне иритација. Можете да направите маска од сок од лимон, сок од портокал и масло од грејпфрут. Исчешлајте ја косата и оставете да делува пет минути, а потоа исплакнете – вели Френк.