Во понеделникот започна големиот божиќен пост, а една од главните намирници што мора да се најде на трпезата секако е рибата. Рибата е генерално многу здрава, но може да биде и опасна по здравјето доколку консумираме одредени видови од загадени подрачја.
Рибата е богата со протеини, витамини, минерали и здрави омега-3 масни киселини, но големата мана е што може да содржи многу жива. Затоа треба да внимаваме што купуваме.
Одредени видови риби треба да се избегнуваат, наместо тоа изберете ги оние што се помалку штетни, а еве и кои се тие.
Скушата треба да се избегнува
Иако оваа риба се смета за една од поздравите, поради својата ненаситност, таа е една од оние кои треба да се избегнуваат. Скушата е предатор и не бира што јаде, па има големи шанси да е полна со жива.
Јадете инчуни наместо скуша
Оваа мала риба, која е полна со вкус, одлично оди со салати и тестенини, а содржи многу помалку жива. Не само што инчуните се полни со масни киселини, туку содржат и големи количини на железо.
Не јадете свежи стекови од албакор туна
Имено, албакор туната содржи средно ниво на жива и затоа треба или да ја избегнувате или да јадете една помала порција неделно. Истото правило важи и за стекови од туна.
Наместо тоа, подобро е да јадете конзервирана туна
Конзервираната туна нема многу жива, па можете да ја јадете многу почесто од свежата сорта.
Избегнувајте ја сабјарка
Оваа риба, исто како и скушата, се храни со други риби и е на самиот врв на синџирот на исхрана. Затоа обидете се да ја избегнувате или јадете ја што е можно поретко.
Наместо тоа, јадете сардина
Многу поевтина и поприфатлива опција е сардина, која е исто така многу хранлива. Најдобро би било да се јаде свежа, но нутриционистите се согласуваат дека е и одличен извор на омега-3 масни киселини и исклучително здрав витамин Д од конзерва.