Малку ориз, кромид, тиква, горгонзола и незаменливото бело вино заедно со уште неколку состојки ќе ви дадат одличен оброк.
Пробајте го ова необично рижото и сигурни сме дека секогаш ќе го правите вака:
Состојки:
200 гр ориз
мала главица кромид
четвртина чаша бело вино
литар бистра пилешка супа
половина лажичка сува мајчина душица
чаша и пол сечкана тиква
100 гр горгонзола
50 гр семки од тиква
маслиново масло
малку пармезан
сол, бибер
Подготовка:
Тиквата исечкана на коцки прелијте ја со масло, ставете на плех и печете ја во рерна на 200 степени околу 25 минути. Во голема тава загрејте малку масло, па пропржете го исечканиот кромид. Додадете го лукот, промешајте една минута, потоа додадете го оризот и пржете уште две минути. Прелијте со виното, мешајте додека не испари алкохолот, па прелијте со малку супа и мешајте додека не испари течноста. Додадете ја тиквата, ставете уште супа, мешајте додека не испари, а потоа повторувајте ја постапката додека не се свари оризот. Измешајте ги горгонзолата, пармезанот и мајчината душица, посипете со семки од тиква, зачинете и послужете додека е топло.
Пријатно!