Рики Мартин бара 20 милиони евра од внукот кој го обвини за инцест

popara9 септември, 20221min00
profimedia-0500177400-830x0

Рики Мартин поднесе тужба против неговиот внук Денис Санчез Мартин, кој го обвини за сексуална злоупотреба, и бара 20 милиони долари оштета, пренесува магазинот „Пипл“.

 

 

 

Пејачот се реши на овој потег неколку недели откако Денис ја повлече тужбата за сексуален напад, а судијата ја укина привремената забрана за приближување.

 

Претходно, внукот тврдеше дека тој и Рики биле во романтична врска седум месеци, а откако таа завршила, Рики почнал да го демне и тормози.

 

Внукот побара забрана за приближување, која истече на 21 јули. Истиот ден на рочиште преку адвокат побара повлекување на тужбата, наводно поради неуспешен обид да преговара за финансиска спогодба со адвокатите на Мартин.

 

Според Мартин, неговиот внук ја поднел тужбата затоа што пејачот не го следел на социјалните мрежи и го игнорирал неговото барање да направи профил за децата. Тогаш внукот јавно го објавил телефонскиот број на пејачот, принудувајќи го да го смени бројот. Неколку месеци подоцна, тој поднел тужба за сексуален напад.

 

Веднаш по повлекувањето на тужбата, адвокатскиот тим на Рики Мартин објави соопштение во кое наведе: „Ова никогаш не било ништо повеќе од случај со проблематична личност која дава лажни тврдења без докази во нивна поткрепа. Драго ни е што нашиот клиент виде дека правдата е задоволена и сега може да продолжи понатаму.“

 

Пејачот сега го тужи својот внук и бара 20 милиони долари за изнуда, неосновани обвинувања, злоупотреба на права, и сторена штета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma