Пејачката Ријана со своите пријатели го посетила луксузниот ресторан „Caviar Russe“ и ги замолила вработените да останат подолго на работа за да можат таа и пријателките на мир да уживаат во кавијарот и шампањот.
„Кога ја завршија вечерата, пејачката им помогна на келнерите да исчистат и да ги вратат барските столчиња, бидејќи таа остана толку долго“, изјави извор за Page Six.
Ријана носела широки фармерки, предименсиониран дрес на No Limit Records, штикли на врзување и накит Tiffany & Co.
Пејачката во последно време е често на улиците на Њујорк, придружувана од нејзиното момче A$AP Rocky, со кој доби син во мај оваа година.