
Благодарение на светски познатиот бренд за шминка „Fenty Beauty“, Ријана се приклучи на клубот на милијардери во август минатата година. Магазинот „Forbes“ од оваа недела и официјално ја вклучи на листата на милијардери и најбогати луѓе во светот.
Имотот на Ријана се проценува на 1,7 милијарди долари. И покрај успешната музичка кариера, пејачката се стекна со статус на милијардер благодарение на брендот за шминка. Имено, благодарение на „Fenty Beauty“ таа влезе во кругот во кој се наоѓаат режисерот Питер Џексон, Мелинда Френч Гејтс и уште 233 луѓе со милијарда на нивна сметка.
Според „Forbes “, производството на шминка го зголемило буџетот на Ријана за 550 милиони долари во 2020 година. Од друга страна, нејзината конкурентка Ким Кардашијан, која има и линија на производи за кожа и убавина, е за 100 милиони долари побогата од Ријана.
Покрај успехот на деловното поле, Ријана успеси постигна и на емотивно поле. Таа го очекува своето прво дете со раперот ASAP Rocky.
“Јас сум многу сериозна кога станува збор за моето прво дете. Многу сериозно ќе се посветам на мајчинството. Искрено, јас ќе бидам една од оние психо мајки кои само зборуваат за децата и ја поминуваат секоја секунда со нив. Ако кажете нешто лошо за моите деца – готови сте“, изјави Ријана во интервју за Glamour.