Ријана и нејзиното момче, Асап Роки, во неделата излегоа на вечера во многу специфични модни комбинации. Таа носеше сатенски темно син корсет, хеланки и високи потпетици, а Асап беше облечен во темно сини шорцеви и јакна.
Пејачката и раперот го оставија дома новородениот син и се упатија во познат ресторан во Њујорк. Да потсетиме, двајцата го добија своето прво дете во мај, по две години врска и долгогодишно пријателство.
Корсетот што го носеше е познатиот „градник со куршуми“ кој предизвика револуција откако Мадона го прослави. Со тој корсет, таа го промени сфаќањето за долната облека како облека што мора да се носи само под облеката.
Тој тренд повторно се враќа и денес се нудат илјадници модели на корсети, кои не се резервирани само за спалната соба, а и овој шпиц, повеќе од 30 години подоцна, е подеднакво доволно провокативен.