Роберт Дауни Џуниор наводно ја финансирал рехабилитацијата на Арми Хамер

popara19 јули, 20221min00
robert-downey-jr.-830x0

Роберт Дауни Џуниор наводно му помогнал на Арми Хамер да оди на рехабилитација.

Според извори кои зборуваат за „Vanity Fair“, холивудската суперѕвезда го финансирала речиси шестмесечниот престој на Хамер во центар за рехабилитација во Флорида.

Според овој медиум, Хамер сега живее со семејството во куќа во Лос Анџелес, која е во сопственост на Дауни Џуниор.

Информациите доаѓаат откако некои медиуми минатата недела објавија дека Хамер наводно работи како продавач на тајм шер во хотелско одморалиште на Кајманските острови за да го издржува своето семејство.

Во јануари 2021 година, прво се појавија обвинувањата против Хамер, што го натера да се откаже од филмот Shotgun Wedding со Џенифер Лопез, а еден месец подоцна неговиот агент и публицист го отфрли.

Хамер подоцна беше обвинет за силување и се повлече од понатамошни проекти. Беше објавено дека Хамер се пријавил на рехабилитација во јуни 2021 година за да побара помош за „проблеми со дрога, алкохол и секс“.

Актерот ги отфрли обвинувањата, а неговиот адвокат рече: „Со вистината на негова страна, г. Хамер ја поздравува можноста да ја исправи неговата репутација. Од првиот ден, г. Хамер тврди дека сите негови интеракции со [(наводните жртва) – и секој друг од неговите сексуални партнери – беа целосно консензуални“, пишува NME.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma