Родителите ви велеле НЕ, но еве што вели експерт: Дали е дозволено да пливате веднаш после јадење?

popara9 јули, 20221min00
plaza-uzina-obrok

На ова прашање одговори Џим Кини, доктор во брза помош од Калифорнија

Кога размислувате на одење на плажа како дете, веројатно ви текнува советот на родителите да не влегувате во вода веднаш после јадење.

Како дете, тешко сте го поднесувале тоа. Во исто време, не е лесно да се одолее на слатките крофни што се продаваат на плажа, но и на толку посакуваното и очекувано капење.

Дали вашите родители биле во право и правилно се грижле за вашето здравје, и на крајот за вашиот живот, или тоа е само уште еден мит?

Лекар во брза помош од Калифорнија, Џим Кини, одговара на ова прашање, заедно со некои други корисни совети. Според него, идејата дека не треба да влегувате во вода половина час после јадење е мит заснован на погрешно разбирање на телесните функции.

– Не постојат медицински докази кои сугерираат дека треба да почекате најмалку 30 минути по јадење пред да пливате. Нема случаи или докази кои сугерираат дека јадењето непосредно пред пливање предизвикало некој да се удави, вели Кини.

Тој верува дека овој мит најпрво добил популарност поради старата заблуда на медицинската наука, бидејќи претходно се претпоставувало дека после јадење, помалку кислород стигнува до рацете и нозете за време на пливањето, бидејќи стомакот е премногу зафатен со варење, па тоа може да доведе до слабост и задушување.

Јадењето пред пливање, сепак, може да биде опасно ако планирате да поминете долго растојание или да пливате премногу брзо. Лесното, рекреативно пливање со пријателите по уживањето во храната не претставува никаква опасност, но доколку сте планирале нешто понапорно, подобро би било да почекате.

– Јадењето обилен оброк, проследено со исцрпувачко пливање, може да доведе до гадење или повраќање – објасни Кими, која советува да го одложите „олимпиското“ пливање.

Едноставно кажано, она што може да ви го направи јадењето голема количина храна на суво, може да ви го направи и во вода, без разлика дали е базен или море. Кини наведува и дека експертите не откриле некоја посебна храна која може да ви го загрози животот додека пливате.

Сепак, Кини наведува дека прејадувањето и консумирањето прекумерно зачинета или кисела храна, која може да предизвика проблеми на суво, може да предизвика и грчеви во стомакот додека сте во вода, па затоа би било добра идеја да ја процените вашата состојба пред да влезете во вода.

До 70 проценти од смртните случаи поврзани со рекреацијата на вода меѓу адолесцентите и возрасните се случиле кога бил вклучен алкохол. Затоа, ова е дефинитивно намирница која не треба да ја консумирате додека сте на плажа или базен, без разлика колку добар пливач сте.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma