РОЛАТ ОД МЕДЕНИ КОРИ И ФИЛ СО СИРЕЊЕ: Мек и освежувачки, а идеален е за празничната маса

popara28 октомври, 20221min00
Honey cake-Vanessa greenwood- photo by harry weir.

Ролатите можеби изгледаат комплицирано, но подготовката е навистина едноставна. Пробајте го овој рецепт за сладок ролат чија кора е направена од мед и крем сирење. Толку е вкусен и освежителен, а ќе ја разубави секоја празнична трпеза. Постојат различни рецепти за слатки или солени кифлички, како оние со џем или ајвар, но оваа комбинација ветува многу. Слаткиот мед и освежително сирење се совршени заедно, а толку е мек што се топи во устата.

Состојки:

За тестото:

150 гр мед
40 гр шеќер
прстофат сол
50 гр путер
70 гр кисела павлака
1/2 лажичка сода бикарбона
1 јајце
150 гр брашно

За кремот:

300 гр кисела павлака
140 гр свежо сирење
80 гр шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Во тава измешајте мед, шеќер и путер. Гответе додека не се растопи, а потоа додадете сол и сода бикарбона во павлаката и измешајте. Истурете го медот и варете додека не зоврие. Оставете уште една минута или две, па тргнете од шпоретот. Додадете јајце и брашно и сè добро измешајте. Половина од смесата истурете ја на плех обложен со хартија за печење и убаво распоредете ја. Печете на 180°C околу 7-10 минути. Истото повторете го и со преостанатата смеса. Исечете ги краевите за да направите правоаголник. Се матат павлаката, сирењето, шеќерот во прав и малку ванилата додека не се изедначи. Ставете ги корите една покрај друга и премачкајте ги со крем. Свиткајте. Се премачкува со преостанатиот крем, па се блендира кората што останала при сечењето на рабовите и се посипува врз ролатот. Ставете во фрижидер 2-3 часа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma