РОЛАТ СО ЈАГОДИ! Кој би можел да му одолее на ова слатко задоволство? (РЕЦЕПТ)

popara21 април, 20221min00
550023_rolat_iff

Направете овошен ролат со јагоди. Десерт кој се топи во устата

 

 

СОСТОЈКИ:

За кора:

  • 125 гр шеќер
  • 5 јајца
  • 100 гр брашно
  • 50 гр густин
  • прстофат сол
  • шеќер за поросување

 

За фил:

  • 400 гр јагоди
  • 500 мл слатка павлака
  • 1 лажица шеќер во прав

 

ПОДГОТОВКА:

 

Одделете ги жолчките и белките. Изматете ги жолчките со 100 гр шеќер, а белките со прстофат сол и остатокот од шеќерот во цврст снег. Измешајте ги двете смеси, па постепено додавајте брашно и густин со постојано мешање со миксер за храна.

 

Тестото истурете го во плех обложен со хартија за печење и печете на 180 степени околу десет минути. Извадете ја кората од тавата, ставете ја на кујнска крпа поросена со шеќер, свиткајте во ролна и оставете да се лади.

 

Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав.

 

Изладената кора внимателно одвиткајте ја, намачкајте го филот, па наредете ги исчистените јагоди и повторно виткајте во ролат. Изладете го ролатот, па исечете го на подебели кришки и послужете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma