Прелистувајќи го TikTok, наидовме на уште еден тренд од светот на шминката – ставање руменило под очите. Оригиналното видео на TikTok беше објавено од @paintedbyspencer во кое вели:
„Ако не ставите руменило во пределот под очите, пропуштате многу.“
Ова го правиме за очните капаци да изгледаат здраво и сјајно, но и да добиеме ефект на лифтинг на лицето, објасни тој.
@paintedbyspencer Reply to @thekimmys lemme’ explain 🥰 #undereyeblush
Набргу по објавувањето, креаторите на содржината на оваа социјална мрежа започнаа со овој тренд, креирајќи свои верзии.
Во нејзиното видео, @makeupbialissiac прикажува процес на нанесување кој се состои од вметнување на течно руменило во внатрешниот агол под очите, мешајќи го со коректор со помош на четка за коректор.
А за финишот употребила светло розова пудра за руменило.
„Мешањето течно руменило со коректор ми го промени животот“, беше насловот на едно од нејзините видеа.
@makeupbyalissiac Mixing liquid blush with my concealer has changed my life #BeautyHacks #BeautyReview #makeuptutorial
Шминката треба да се нанесува што повеќе на јаболчницата и што е можно поблиску до очните капаци, тврдат стручњаците за шминка. Обично грешиме кога нанесуваме руменило премногу ниско, што може да ги направи изразите на лицето опуштени или тажни. Нанесувањето руменило високо на јаболчниците може да даде илузија на „повисоки“ јаболчници и подигнато лице кое и пркоси на гравитацијата, а нанесувањето под очите дава ефект на многу посвеж изглед.
Оваа техника додава боја на очните капаци, што ги неутрализира сите темни сенки одоздола. Кремастите руменила и коректори често се слични по текстура и формула. Тоа е стар трик, а кога малку подобро ќе размислите, ќе се сетите дека сте ја фатиле баба ви како става кармин на образите. Судејќи според овие трендови, се поизвесно е дека кремастите и течните производи ќе ни бидат најпотребни.