Ако сте љубител на компири, тогаш можете да ги испечете во рерна и ќе имате одличен ручек
Состојки:
четири големи компири
100 гр сланина
лажица сув билен зачин
масло
100 гр сирење
сол
Подготовка:
Компирите добро измијте ги и пресечете ги на половина по должина. Површината на секоја половина посипете ја со зачини, посолете малку и прелијте со неколку капки масло.
Ставете ги на подмачкан плех и печете во рерна загреана на 180-200 степени околу 40 минути.
Кон крајот на печењето на површината на компирот ставете сечкана сланина и рендан кашкавал, па печете додека да се растопи кашкавалот. Послужете со салата или сос по ваш избор.
Пријатно!