На ова сигурно нема да можете да одолеете
Доколку сте љубители на мелено месо, тогаш сигурно нема да можете да одолеете на овој рецепт.
Сочни ќофтиња во бешамел сос, а со тоа и тестенини – добивате вистински ручек од соништата.
Подготовката не е комплицирана, а вкусот е фантастичен.
Вреди да се проба.
На крајот на краиштата, уверете се сами!
Состојки:
500 гр тестенини
250-300 гр мелено месо
1 јајце
бибер, сол
1 кромид
4 чешниња лук
малку црвен пипер
2 лажици презла
масло
Прелив
1 лажица брашно
4 чешниња лук
бибер, сув зачин
200 мл млеко
лист од магдонос
малку презла
Подготовка:
Сварете ги тестенините, исцедете ги и додадете 2 лажици маслиново масло. Месото измешајте го со наведените состојки, формирајте ситни ќофтиња, па извалкајте во презла и пржете на масло.
На малку масло пропржете ги брашното и издробениот лук додека не поруменат.
Додадете млеко и малку вода. Кога ќе зоврие, тргнете го од шпоретот. Истурете ги тестенините, па прелијте ги со бешамел сосот.
Одозгора наредете ги ќофтињата и прелијте ги со малку сос.
Погледнете ги чекор по чекор инструкциите за подготовка: