![Sylvester-Stallone-i-Jennifer-Flavin](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/10/Sylvester-Stallone-i-Jennifer-Flavin.jpeg)
Силвестер Сталоне (76) ја изненади јавноста со неговиот потег откако тој и неговата 22 години помлада сопруга Џенифер Флавин потврдија дека се разведуваат летово по 25 години брак. Да потсетиме, Флавин поднела барање за развод во средината на август – но сè падна во вода, а брачната двојка се сака како на почетокот на врската!
Имено, Силвестер и Џенифер биле видени како среќни шетаат рака под рака низ улиците на Њујорк, а Џенифер цело време се смешкала. Ваквото однесување е невообичаено за брачна двојка која по 25 години заедно летово ангажираше адвокати за развод и сакаше засекогаш да се разделат пред само месец и половина. Како што знаеме, колапсот на бракот се случил затоа што Сталоне решил да земе ново куче, ротвајлер за да го заштити своето семејство. Флавин не сакала и поради тоа имале жестока расправија. Изворот вели дека двојката имала несогласувања за други работи, но ниту една не била причина за разводот.
„Со тага објавувам дека по 25 години брак поднесов барање за развод од мојот сопруг Силвестер Сталоне. Иако повеќе нема да бидеме во брак, јас секогаш ќе ги негувам 30+ годините врска што ја споделивме и знам дека и двете сме посветени на нашите прекрасни ќерки. Барам приватност за на нашето семејство додека продолжуваме понатаму“, рече Џенифер кога поднесе барање за развод.
Но, Силвестер и неговата сопруга решија да се смират еден месец откако поранешната манекенка поднесе барање за развод.
„Одлучија повторно да се сретнат дома, каде што разговараа и успеаја да ги решат несогласувањата. И двајцата се исклучително среќни“, изјави портпаролот на парот, а овие нови фотографии изгледа го потврдуваат тоа. Наводно, парот решил да го прекине бракот во 1997 година во жарот на расправии и гнев, но сега оставиле се зад себе и со помош на брачен советник повторно пронашле сродни души еден во друг.