Конечно ја отвори душата…
Кога станува збор за нивната врска, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан не го коментираше многу својот однос со комичарот Пит Дејвидсон. Сепак, во последната епизода на нивното шоу, таа конечно реши да зборува за деталите од нивната средба.
Кога првпат се сретнале, вели Ким, верувала дека нејзината врска со Пит нема да се продлабочи и дека сака само да го „одвлече во кревет“. Меѓутоа, работите се смениле во емисијата „Saturday Night Live“.
„Кога се бакнавме на „Saturday Night Live“, тоа беше момент кога ги почувствував вибрациите. Си помислив: „Можеби треба само да пробам нешто поинакво“. А потоа дознав дека Пит не доаѓа на мојата забава после емисијата. Неколку дена подоцна му се јавив на продуцентот на серијата и го замолив да ми го даде телефонскиот број на Пит“, вели Ким.
“Му испратив порака и така помина. Пит е, буквално, најдоброто човечко суштество што сум го сретнала. Тој е толку смешен”.
Откако раскажа како собрала храброст да му испрати порака на познатиот комичар, Ким откри и една интересна информација за Меган Фокс.
„Откако излегов со Меган, таа ми откри дека Пит го побарал мојот телефонски број“, вели таа, додавајќи дека Меган првично не сакала да го даде нејзиниот телефонски број.