Дознајте која храна е соодветна за вас врз основа на вашата крвна група
Нутриционистот Питер Џ. Д’Адамо својата работа ја заснова на односот помеѓу состојките на храната и крвните групи, т.е. антигените кои ги носи одредена крвна група. Тој тврди дека храната што ја јадете хемиски реагира со нашата крв и ако ја следите неговата диета, специјално дизајнирана за вашата крвна група, вашето тело подобро ќе ја свари храната. Така ќе изгубите тежина, ќе имате повеќе енергија и ќе спречите појава на болести.
Крвна група 0
Ова е најстарата крвна група. Членовите на групата 0 се ловци. Тие се на врвот на синџирот на исхрана, па нивната исхрана се базира на месо. На крвната група 0 највеќе и одговараат животински протеини и интензивен тренинг. Диетата се базира на црвено месо, бело месо и риба. Рибата е одлична за нулта крвна група.
Крвна група А
Луѓето со крвна група А се одгледувачи. Ова е најбројната крвна група меѓу западноевропејците. За нив е идеална диетата без месо базирана на овошје и зеленчук, грашок, мешунки и житарки. Најдобро би било храната да е органска и свежа бидејќи Д’Адамо вели дека луѓето со крвна група А имаат почувствителен имунолошки систем.
Крвна група Б
Тоа се номади. Крвната група Б се развила за време на миграцијата на луѓето од Африка на други континенти, а најбројна е во Азија. Ако имате крвна група Б, избегнувајте пченка, пченица, леќа, домати, кикирики и сусам, а проблематично е и пилешкото, вели Д’Адамо. Тој исто така верува дека треба да јадете зелен зеленчук, јајца и млечни производи со малку маснотии.
Крвна група АБ
Крвната група АБ е модерна мешавина од крвни групи А и Б, воедно и најмлада. Најсоодветната храна за оваа крвна група вклучува тофу, морска храна, млечни производи и зелен зеленчук. Д-р Д’Адамо вели дека луѓето со АБ крвна група имаат проблеми со стомачната киселина и треба да избегнуваат кофеин, алкохол и димено месо.