Постојат многу начини за подготовка на салата од туна, а овој е еден од наједноставните. Послужете ja со парче леб и уживајте!
Состојки:
две конзерви туна
две помали главици црвен кромид
мала главица зелена салата
две краставици
млад кромид (само зелениот дел)
150 гр чери домати
малку свеж магдонос
сок од еден лимон
сол, бибер, масло
Подготовка:
Марулата измијте ја, исушете ја, исечкајте ја и ставете ја во сад. Додадете го на ребра исечканиот црвен кромид, исечканата краставица, чери доматот, исцедената туна, млад кромид, магдонос, сол и бибер, прелијте масло и сок од лимон, па послужете.
Пријатно!