Само две чаши вино ја содржат дозволената дневна количина шеќер

popara23 февруари, 20221min00
1645216713-profimedia-0657801885-750x500 (1)

Анализата на неколку различни видови вино откри дека веќе ја консумирате препорачаната дневна количина шеќер за возрасни со две чаши.

Беа анализирани црвено, бело и овошно вино, розe и шампањи на популарни британски производители. Ниту едно од овие шишиња немаше декларација со нутритивни информации бидејќи законот не го налага тоа. Бројот на калории беше нагласен само на една петтина од анализираните шишиња.

Различни здруженија се залагаат оваа практика да се промени законски и потрошувачите да знаат колку калории и шеќер внесуваат со пиење вино, пренесува N1.hr.

Според препораките на здравствените организации, препорачаната доза за возрасни е 30 грама „слободни шеќери“ (моносахариди и дисахариди) дневно, а тоа вклучува овошни сокови и смути, како и секој друг пијалок кој има додадени шеќери.

Анализите покажаа дека оваа максимална граница се постигнува со две чаши вино дневно. Исто така, се покажало дека послабите вина, оние со помал процент на алкохол, во повеќето случаи имаат повеќе шеќер од другите.

Истражувањето на повеќе од 12.000 луѓе минатата година покажа дека повеќе од 61 процент од потрошувачите на вино сакаат шише со информации за калориите.

Експертите и корисниците генерално се согласуваат дека таквите нутритивни информации треба да се најдат и на декларации за шишиња за вино.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma