Доколку планирате голема семејна гозба за време на празниците или за новогодишната ноќ, не мора да трошите многу време на сервирање слатки! Наместо комплицирани рецепти и часови стоење во кујна, оваа брза торта од три состојки, на која никој не може да одолее, може да биде исто толку вкусна и освежителна.
Нејзината подготовка е едноставна, вкусот божествен, а не ви требаат многу пари – ниту да ја вклучите рерната!
Состојки:
6 кесички шлаг
300 грама мелен бисквит
500 грама црвено овошје
Подготовка:
Изматете пет кесички шлаг, па измешајте го со мелените бисквити. Половина од смесата ставете ја на плех и обликувајте ја, па наредете ги ситно сечканите јагоди или друго црвено овошје. Потоа прелијте го остатокот од смесата и обликувајте ја исто така.
Преостанатата кесичка шлаг изматете ја, па со неа украсете го горниот дел од колачот, а одозгора наредете ги останатите јагоди.
Пријатно!