Сара Џесика Паркер, ѕвездата и продуцентка на новата сезона на „Сексот и градот“, „И едноставно така“, не разговарала со долгогодишниот колега од оригиналната серија Крис Нот откако се појавија обвинувања против него за наводен сексуален напад.
„Не знам ни дали сум подготвена да зборувам за тоа“, изјави 57-годишната актерка, во разговор со „Холивуд репортер“ во вторникот.
„Но, не мислам дека не реагирав на скандалот како продуцент.”
Нот го портретираше сопругот на Кери Бредшо – финансиерот Џон Џејмс Престон или мистер Биг – во сите шест сезони на „Сексот и градот“, двата филма со ист наслов, и во новото поглавје „И едноставно така“ (And Just Like That) на „ХБО макс“.
На 16 декември Крис ги отфрли обвинувањата за сексуален напад над двете жени и беше дециден дека станува збор за консензуални средби во далечно минато.
Набргу потоа, уште две жени се појавија со слични тврдења за Нот, кој веднаш беше исфрлен од Агенцијата за уметници А3, а ликот кој го глумеше во „Праведник“ (‘The Equalizer), серија на Си-би-ес, беше елиминиран.
Сара Џесика Паркер не мораше да го отпушти Крис Нот, бидејќи неговиот лик – мистер Биг – починува од срцев удар уште во првата епизода на серијата.