
По периодот на карантин во кој сите најмногу ја избравме удобноста наместо дизајнот, дојде време за пресврт и вистинска експлозија на авангардни и ексцентрични модели.
Кога станува збор за секојдневните аутфити од модните куќи како Hermès, MaxMara, Fendi и Loewe, љубителите на удобните обувки беа воодушевени од моделите на сандали кои се карактеризираат со кратка платформа со прерамки. Модели совршени за комбинирање со летни лелеави долги здолништа и машки кошули, нели?
Од друга страна, party чевли се спремни за забава и едноставно ве канат на подиумот да танцувате. Смели бои, високи платформи и потпетици како и детали украсени со бисери, ланчиња и циркони, модели за пролет и лето навистина ги надминаа нашите очекувања. Стилот од 70-тите се врати на голема врата, а модните куќи Сен Лоран и Версаче го потпишаа неговото заживување.
Следете го златното правило дека чевлите се наша поддршка, изберете смели модели во кои ќе се чувствувате добро и оставете ги нашите омилени од галеријата пред вас да ве инспирираат.








