Mедицинскатa сестра Ерин Фалати, која работела за актерката Амбер Херд, сведочеше на судењето во кое Џони Деп ја тужи својата поранешна сопруга за клевета. Имено, во своето сведочење Фелати изјавила дека Амбер Херд користела псилоцибни печурки и амфетамини.
Фалати водела белешки за здравствената состојба на Херд, во периодот од 11 до 16 мај 2016 година, непоредно пред Деп и Херд да се разделат. Во белешките стои дека медицинската сестра ја посетила актерката во нејзиниот дом во Лос Анџелес за да ѝ донесе лекови. Во таа прилика, Херд ѝ споделила на Фалати дека користела псилоцибни печурки и амфетамини, во комбинација со алкохол, за време на музичкиот фестивал „Coachella“.
Херд ѝ рекла дека повраќала и дека била надрогирана речиси 24 часа. Медицинската сестра ѝ објаснила дека дрогирањето може да ѝ делува негативно на лековите кои ги зема. Но, актерката само се насмеала и „ѝ признала дека се дрогирала и дома, пред два дена, во друштво на познаник“.
Исто така, Херд ѝ открила на Фалати дека Џони Деп не знаел дека таа се дрогира, ниту дека знаел дека тоа било во друштво на некој познаник.