Со внесување на свеж воздух, концентрацијата на корона вирусот може да се разреди до 70 или 80 проценти.
Корона вирусот најбрзо се шири во затворени простории, а зимските месеци ќе создадат уште повеќе услови за тоа. Затоа многу експерти предупредуваат дека важноста на вентилацијата во борбата против Ковид не е доволно нагласена.
„Ако видам дека не можам да ги отворам прозорците, ја напуштам просторијата“, изјави за ВВС Шон Фицџералд, професор на Универзитетот во Кембриџ. „Одбивам да седам каде било, освен ако воздухот не е добро проветрен. Тој ги пренесува резултатите од истражувањата кои покажуваат дека со вбризгување на свеж воздух, концентрацијата на вирусот може да се разреди за дури 70 или 80 проценти.
Да потсетиме, првично се сметаше дека вирусот се пренесува само со близок контакт со заразено лице или преку контаминирани површини. Затоа, се препорачува употреба на маски, како и физичко растојание од најмалку два метри и засилена хигиена, редовно миење на рацете и дезинфекција на површините на јавните простори и домаќинствата. Сепак, набрзо беше докажано ширењето на короната со аеросол – микроскопски честички кои долго лебдат во воздухот и особено остануваат во затворени простории. Ова го потврди и Светската здравствена организација, а контаминираниот воздух во болниците е и причината поради која медицинските работници кои се грижат за пациентите со Ковид толку често се разболуваат.
„Се плашам дека појавата на нов вид на вирусот е предупредување дека не се вентилираат просториите доволно често“, вели професорот Фицџералд. Неколку експерти му се придружија во мисијата да воведе антиепидемиски слогани за миење раце, маски и растојание и свеж воздух.