Кога чувствувате жед, знаете дека треба да пиете вода, кога се чувствувате уморни, знаете дека треба малку да забавите и да се опуштите. Меѓутоа, понекогаш телото ни дава сигнали, за кои не е веднаш јасно што значат и што треба да правиме за да се чувствуваме подобро.
Всушност, постојат дури 7 нетипични индикатори, односно здравствени проблеми, кои верувале или не значат дека ви треба само повеќе физичка активност.
Дали се обидувате да ги вклучите движењето и физичката активност во вашето секојдневие или поголемиот дел од неделата го поминувате во седечка или лежечка положба?
Во денешно време луѓето најмногу се мотивирани од здравствени проблеми или страв од предвремено стареење.
– Истражувањата покажуваат дека само две недели неактивност кај млади, здрави луѓе доведува до значителни здравствени проблеми, како што се намалена мускулна маса и метаболички промени – вели нутриционистката Наташа Ѓукиќ и открива кои знаци укажуваат дека треба да вклучите повеќе движење за да ги ублажите или целосно да ги решите овие проблеми:
Чувство на замор и поспаност
Често губење на здивот
Често чувство на глад
Болки во зглобовите
Чести настинки
Неквалитетен сон
Висок крвен притисок