Џенифер Анистон (53) и нејзиниот татко не биле во добри односи од нејзината деветгодишна возраст, кога Џон Ентони Анистон ја оставил мајката на актерката, што таа никогаш не можела да му го прости.
Меѓутоа, по почетокот на пандемијата во 2020 година, тие го обновиле контактот и оттогаш се слушале секој ден, но за жал пред неколку дена нејзиниот татко ја загубил животната битка.
Како што сподели актерката на Инстаграм, нејзиниот татко починал на 11 ноември, но тој си заминал тивко и без болки.
Анистон во оваа прилика сподели серија нивни заеднички фотографии и со трогателни зборови се прости од него.
– Драг тато. Џон Ентони Анистон. Ти беше еден од најубавите и најубавите луѓе што ги познавав. Толку сум благодарна што помина во мир, без болка. И тоа на 11.11. Секогаш имаше совршен тајминг. Тој број ќе има уште поголемо значење за мене. Ќе те сакам до крајот на мојот живот. Не заборавај да наминеш – напиша таа.