СЕКОГАШ МЕ ПОТСЕТУВА ДЕКА ВСЕЛЕНАТА НИ ПРАЌА ПОРАКИ! Познатата пејачка откри како ја привлекла љубовта во својот живот!

popara12 април, 20221min00
Screenshot_5

Како бомба одекна вестта дека Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно се вериле. Познатата латино ѕвезда го покажа прекрасниот зелен камен на вереничкиот прстен

 

 

Џенифер Лопез неодамна призна дека на својот ѕид чува слика од колибри што сама си ја купила, привлечена од зелената боја која доминира.

 

– Не купувам често слики, но ја купив оваа – вели пејачката.

 

– Прво затоа што сакам колибри, а второ затоа што сакам зелено. Птиците се секогаш околу мене и отсекогаш сум имала посебен однос со колибрите. Тие ја симболизираат љубовта. –

 

Пејачката и актерка вели дека чувствува како птиците ја следат и секогаш кога е во сомнеж или збунетост, на нејзиниот прозорец се појавува – како магија – птица.

 

– Таа ме потсети дека универзумот секогаш ни испраќа пораки, под услов да бидеме доволно отворени за тие знаци. –

 

Сликата покажува птица која изгледа како да стои на широко отворена дланка. Само затоа што тупаницата не е стисната, птицата не сака да одлета. Тоа, се чини, е тајната на нејзината обновена љубовна врска со Бен Афлек, која доведе до венчавка.

 

– Сѐ е засновано на доверба. Мораме да веруваме дека она што е наменето за нас навистина ќе ни дојде, што и да се случи. Сѐ е до довербата и љубовта – вели Џеј Ло. Таа тврди дека гледајќи ја оваа слика сфатила дека во животот нема случајности.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma