Секогаш јадете ги овие ТРИ намирници со ЈАЈЦА: Вишокот килограми ќе исчезне, а наслагите на стомакот ќе се стопат

popara7 јули, 20221min00
22875_pexels-andres-ayrton-6551427_f

Како да подготвите јајца за диета? Еве кои намирници и зачини треба да ги додадете во нив!

Дали една од вашите први дилеми наутро е – што да појадувате? По неколку пресврти во мислењето на експертите – од „да“ за појадок, до „не“ за обилен утрински оброк и повторно назад, преовладува мислењето дека храната на почетокот на денот влијае на нашето функционирање и расположение.

Докторите се почесто препорачуваат храна богата со хранливи материи за појадок, а се чини дека не можеме да погрешиме ако за време на диетата избираме јајца. Освен што се значаен извор на протеини, лесно и брзо се подготвуваат!

Доколку сакате да направите здрави промени во вашите вообичаени рецепти, еве што ве советуваат лекарите да додадете при подготовката на јајцата.

Спанаќ

Во една шолја спанаќ има само седум калории, па затоа овој зелен зеленчук е идеален додаток на пржените јајца. Добивате и добар извор на влакна, го забрзувате метаболизмот и обезбедувате добар извор на магнезиум.

Лут кечап

Доколку барате начини да го забрзате метаболизмот, лутите додатоци како кечапот се идеален прилог. Неколку часа после јадење, варењето и процесите на разградување на храната и нејзино претворање во енергија се многу динамични. Капсицинот, состојка во лутите сосови, исто така се покажа како добар природен лек за болка, а се препорачува и за здравјето на крвните садови.

Чили пиперка

Како лутиот кечап или табаско сосот, лутата пиперка има ефект врз метаболизмот благодарение на капсицинот. Треба да се има на ум дека оваа состојка може да иритира и да предизвика некои несакани ефекти, најдобро е да почнете полека да ја користите лутата пиперка и потоа да развиете толеранција за поголеми количини.

Капсицинот добро делува и на артритис и мускулно-скелетни болки, а се користи и во препарати за кожа за смирување на болките во грбот и зглобовите. Храната која помага да се ослободите од масните наслаги вклучува чиа семе, овесна каша, масна риба како скуша, лосос и туна, како и млечни производи направени од обезмастено млеко.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma