Експертите сега не советуваат да пиеме чаша вино секоја вечер пред спиење без грижа на совест. Се разбира, внесот на алкохол треба да се намали на една чаша.
Имено, истражувањето на Универзитетот во Вашингтон Стејт од 2015 година покажало дека виното и слабеењето одат рака под рака, а благодарение на супстанцијата ресвератрол.
Соединението, кое главно се наоѓа во црвеното вино, помага да се трансформираат „белите масти“ во „кафеави масти“ во нашето тело, кои полесно се согоруваат и ја спречуваат дебелината.
Некои претходни студии, поточно она од 2012 година, покажаа дека една чаша вино навечер ќе ја намали потребата од грицкање, што помага и во борбата за добра линија.
Сепак, лекарите препорачуваат претпазливост при конзумирање на вино, бидејќи премногу алкохол секако може да му наштети на нашиот организам. А ако не сте љубител на вино, секогаш има алтернативи – боровинки, грозје и јагоди се природни извори на ресвератрол.