Секоја ноќ се ПРЕВРТУВАТЕ ВО КРЕВЕТ и не можете да заспиете? Заради една грешка во зима имате НЕСОНИЦА

popara30 декември, 20221min00
Stressed Woman With Headache Sleeping In Bed

Покрај тоа што просторијата во која спиете треба да биде чиста и уредна, важна е и друга работа, а тоа е температурата, особено во зимските денови.

Експертите советуваат дополнително да не ја загревате просторијата пред спиење, бидејќи тоа може да влијае на квалитетот на вашиот сон. Навечер температурата на телото полека опаѓа, што е еден од сигналите дека е време за спиење. Меѓутоа, ако собата е премногу топла, вашето тело нема да може да се опушти и да се подготви за спиење, без разлика колку сте поспани.

Исто така, загревањето на просторијата го зголемува нивото на јаглерод моноксид, особено ако се загревате на дрва, што дополнително може да влијае на спиењето, но и на респираторниот систем во текот на ноќта. Може да се појави уште еден проблем, а тоа е сува кожа, токму поради недостатокот на влага. Доколку имате радијатори, за да ја намалите сувоста на воздухот, не е лоша идеја да ставите влажни крпи или наменски садови со вода, главно керамички.

Наместо дополнително да го загревате просторот каде што спиете, многу е подобро да се истуширате со топла вода, да облечете чорапи и да се сместите во кревет. Исто така, топол чај пред спиење е одличен начин за загревање на телото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma