Секојдневно го конзумираме нејзиниот плод, а не сме свесни дека чајот од листовите на оваа билка е најздравиот напиток во светот (РЕЦЕПТ)

popara30 јануари, 20221min00
349e093480e4a3892d5b4c0f601f15412d3cbaab

Само мал број луѓе знаат дека листот од маслинка е особено здрав и лековит.

Омилениот плод од Медитеранот и незаменлива состојка на медитеранските јадења, покрај уникатниот вкус, го красат и совршена комбинација на витамини и минерали. Затоа маслинките се користеле како лек уште од античко време, а се верува дека лекува дури 60 видови болести.

Поради високата содржина на витамин Е, маслинките се класифицирани како важен антиоксиданс. Покрај тоа, тие содржат многу хранливи и лековити материи, како што се витамин Ц, Д, А, К, растителни масти, протеини, бета-каротен, ензими, незаситени масни киселини, омега-3 киселина, олеуропеин, олеинска киселина, стеаринска киселина, палмитинска киселина, хлорофил, флавоноиди, фитостероли, железо.

Рецепт за најздравиот чај

За шолја од 300 милилитри чај потребни ви се 15 до 20 суви листови од маслинка. Оставете ја водата да зоврие, додадете ги листовите и варете со нив уште 2 до 3 минути. Оставете ги листовите да отстојат во водата уште 10 минути и извадете ги. Не е добро листовите да стојат долго. Можете да го пиете чајот ладн и топол со мед, лимон или без ништо.

Чајот треба да се пие секој ден за да се почувствуваат подобрувања за разни болести. За спречување на овие болести се препорачува превентивно да се пие. Чајот има благ вкус со едвај забележлива горчина. Измијте ги листовите и исушете ги на воздух, а потоа чувајте ги во затворен сад подалеку од сончева светлина.

Неодамнешните истражувања потврдија дека чајот од маслинки има повеќе антиоксиданси дури и од зелениот чај, што го прави еден од најздравите чаеви на планетата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma