Лесниот секс е во тренд веќе некое време, а иако на почетокот звучи досадно, оние кои го пробале едноставно го обожаваат.
Со овој начин на водење љубов, истакнуваат експертите за секс, паровите учат некои нови работи. На пример, дека оргазмот не е секогаш приоритет и дека силното возбудување обезбедува и неверојатни задоволства. Овој секс е нежен и базиран на емоции. Затоа, не е многу соодветен ако не го познавате најдобро вашиот партнер.
Како прво, потребно е многу време. Лесниот секс може да трае и до три часа. Ако некој од вас е под стрес, треба да се опуштите со длабоко дишење или смирувачки чај пред топлите активности. И почнете.
Мека пенетрација
Легнете заедно голи во креветот, бидете блиски, не се допирајте, опуштете го телото и не се возбудувајте премногу. Потоа започнете со допири. Дозволено е да ви ја стави раката „таму долу“, а и вие нему, нежно, без стимулација.
Откривајте го телото на вашиот партнер одново и одново и избегнувајте добро познати движења. Започнете со нежни бакнежи, бидејќи суштината на овој секс е предиграта. Гледајте се во очи, кажете како се чувствувате…
А потоа спојте се нежно и без премногу движења. Ова е можно, велат експертите, и со блага ерекција. Ова се нарекува мека пенетрација.
Најдобрите положби се положбата на лажица (од страна) или ножици (легнете на страна, свртени еден кон друг; ставете ја едната нога меѓу неговите нозе, а другата над неговиот колк).
Во долгите врски, сексот често се сведува на брзина, а потоа забораваме како изгледа вистинскиот секс, проткаен со нежност и емоции.
Без нагли движења
Време е полека да ја зголемувате возбудата. Кај мажите често се појавуваат проблеми во оваа фаза бидејќи се ближи оргазмот. Важно е да научите да го одолговлекувате. Престанете да пенетрирате и почнете да ги истражувате ерогените зони и препуштете се на допирот. Пенетрацијата во лесниот и бавен секс значи поврзување. Во обичниот секс, тоа е главниот дел од сексуалната игра.
Нема нагли и брзи движења. Запомнете, не е сè до оргазмот. Сепак, тоа не значи дека ќе го нема или дека не треба да го има, пишува „Живим.хр“.
Експертите дури се убедени дека со лесен секс е поинтензивен од кога било. Слично на тантричкиот секс, продолженото одложување на оргазмот доведува до сосема нов интензитет на кулминација. Вреди да се проба!