Пејачката и актерка Селена Гомез случајно се сопна на SAG наградите.
Имено, Селена се појави во долг црн фустан на Оскар де ла Рента, но проблем и беа чевлите на Кристијан Лубутин со високи потпетици. Откако се сопна, ги соблече чевлите и продолжи да оди боса.
Селена се појави на црвениот тепих за доделувањето на SAG наградите, а друштво и правеше актерот Мартин Шорт. Откако се сопна и падна на подот, колегата ја крена, а реакцијата на Селена воодушеви многу нејзини обожаватели.
Leave it to Selena Gomez to make even slipping on the red carpet look good https://t.co/7JzhcPAuQp pic.twitter.com/buTnCE8vJf
— Variety (@Variety) February 28, 2022
Иако многу фотографи и сниматели го фатија моментот на нејзиниот пад, Селена стана и продолжи да оди боса, па дури и се качи на сцената без чевли.
“Убавата жена се уште може да изгледа добро боса. Изгледаше неверојатно и без чевли”, “Кому му е гајле, таа сепак изгледа прекрасно”, “Затоа ја сакам”, “На кралиците не им требаат чевли”, се само некои од коментарите под видеото од падот на Селена.