
Пејачката и актерка Селена Гомез и моделот Кара Делевињ привлекоа огромно внимание со страстен бакнеж во втората сезона на серијата „Only Murders In The Building“.
Колегите од сетот се пријатели веќе неколку години, па не им било тешко спомнатата сцена да ја направат лесно.

Кара, која се изјасни како бисексуална личност и за која се шпекулира дека се забавува со пејачката Минка, призна дека таа и поранешната ѕвезда на Дизни одлично се забавувале на снимањето.
– Искрено, тоа беше најдобриот проект што сум го направила. Едноставно не сакав да заврши. Многу ми се допадна што можам да ја претставувам квир заедницата – признала манекенката.

Поп-ѕвездата Селена проговори и за сцената која го запали интернетот и призна дека и таа уживала во снимањето.
– Ја познавам толку години… Искрено, тоа е како да работам со другарка од детството. Таа е урнебесна, а јас уживав – истакна Селена за Entertainment Tonight.
