„House Of The Dragon“ беше премиерно прикажан во неделата на HBO, а приквелот на „Game of Thrones“ предизвика силна реакција на социјалните мрежи од расплаканите обожаватели кои беа возбудени што конечно ќе го видат долгоочекуваниот спин-оф.
Твитер „експлодира“ откако премиерната епизода насловена „Потомци на змејот“ ги претстави сценографијата и главните ликови на серијата која е сместена 200 години пред настаните од енормно популарната серија „Игра на тронови“.
Еден тврдокорен обожавател твитна: „Искрено во солзи, „House Of The Dragon“ беше толку добра што не само што ме потсети колку ги сакам Данирис и „игрите за тронови“, туку и колку ни треба повторно вистинска ВИСТИНСКА телевизија“.
Друг обожавател додаде: „Слушајќи ја тематската музика на Game of Thrones ме натера да врескам“.
Патем, очекувано, имаше огромен налет на HBO Max платформата кога првата епизода беше поставена на овој стриминг сервис.