Серијата е заснована на најпродаваните мемоари на Темби Лок, „From Scratch: A Memoir of Love, Sicily, and Finding Home“.
Приказната ја следи американската студентка по уметност Ејми (Зои Салдана) и италијанскиот готвач Лино (Еугенио Мастрандреа).
Романсата на овие двајца луѓе започнува во Фиренца, а нивниот живот продолжува во Лос Анџелес.
Прекрасната идилична љубов на Ејми и Лино ја прекинува веста дека Лино боледува од рак. На овој пар му претстојат тешки месеци и години, низ кои поминуваат знаејќи дека загубата е неизбежна.
Критичарите кои го оценија „From Scratch“ за познатите списанија се согласуваат дека ова е една од приказните каде што не можете да одржите професионална критичка дистанца бидејќи е невозможно да не ве обземат емоции.
Иако се чини дека речиси сите што го гледаа „From Scratch“ плачеа, серијата всушност изобилува со комедија и романса со прекрасни пејсажи од Фиренца и храна.
Од првата, случајна средба на Ејми и Лин, преку негирањето на хемијата што постои меѓу двајцата до првиот бакнеж, па до самиот крај, серијата ве води низ комично романтична приказна за животот кој е вреден за живеење и е секако еден од оние што треба да ги гледате.