Синоќа беа доделени модните награди CFDA од страна на Здружението на американски дизајнери. Со оглед на тоа дека целиот настан е поврзан со модата, присутните навистина се потрудија кога станува збор за нивните аутфити.
Симпатиите на публиката најмногу ги крадеа сестрите Кардашијан-Џенер, кои во последно време речиси и да не грешат кога станува збор за модните избори.
Најмладата од сите сестри, Кајли Џенер носеше црн фустан кој одлично ги истакнуваше сите нејзини облини. Долниот дел од фустанот е плишано здолниште со длабок шлиц, а горниот дел е речиси проѕирен. Со неа пристигна и нивната мајка Крис Џенер, која за оваа пригода облече црн макси фустан кој го комплетираше со златни обетки и детали на чантата.
Клои Кардашијан облече фустан во бакарна боја кој и откри дел од стомакот и градите. Косата ја собра во пунџа, не претеруваше со накитот, а целото внимание беше насочено кон прекрасниот фустан.
Ким остана доследна на својот стил и облече мини фустан од латекс со црн ПВЦ материјал преку него. Ја исчешла долгата руса коса, а шминката и била толку ефикасна што носела само еден прстен накит.